Ekipa
31 Декември 2017•Ажурирај: 01 Јануари 2018
ИДЛИБ (АА) - Девет цивили го загубија својот живот во воздушните напади извршени од страна на Асадовиот режим во одредени населени места и подрачја во Идлиб, во северниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Силите на режимот со авиони и хеликоптери извршија напади во неколку села и подрачја во јужниот рурален дел на Идлиб, како и некои села во источното рурално подрачје на Хама.
Директорот на Цивилната одбрана во Идлиб, Мустафа Хаџ Јусуф, во изјава за АА истакна дека седум лица загинале како резултат на нападите во подрачјето Кефер Сеџне, и 2 лица во населеното место Марет Хирма, додека голем број лица се повредени.
Хаџ Јусуф информираше дека од нападите предизвикан е голем пожар во Ел Хулубе, во источното рурално подрачје на Идлиб. Пожарот потоа бил изгаснат од страна на тимовите на Цивилната одбрана, кои продолжуваат со спасувачките операции.