Sayed Khodaberdi Sadat
28 Септември 2016•Ажурирај: 29 Септември 2016
КАБУЛ (АА) - Најмалку 16 лица загинаа во напад на беспилотно летало на САД на подрачјето на Нангархар, во источниот дел на Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на канцеларијата на гувернерот на Нангархар, Атаула Хогјанај, за АА потврди дека воздушниот напад е извршен со беспилотно летало на американските сили кои дејствуваат во рамките на НАТО во Авганистан.
Хогјанај истакна дека загинале 13 членови на терористичката организација ДАЕШ и тројца цивили. Ранети се шест цивили и голем број членови на ДАЕШ.
Меѓутоа, очевидците тврдат дека нападот е извршен на куќа на водачот на едно племе, кој се вратил од аџилак, и дека притоа загинале 13 цивили.
Сѐ уште нема соопштене од НАТО во врска со овој напад.