Halit Süleyman
28 Септември 2016•Ажурирај: 28 Септември 2016
АЛЕПО (АА) - Силите на режимот на Башар ал Асад, кои под опсада го држат сирискиот град Алепо, во воздушен напад ја бомбардирале фурната пред која луѓето чекале леб, при што 6-мина загинаа, а 5-мина се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставник на цивилна заштита во Алепо, Бабирис Мешал, за дописникот на AА изјави дека руски или воени авиони на режимот извршиле напад врз една фурна за леб во градот што е под контрола на опозицијата.

Мешал изјави дека според првичните информации, во нападот загинал вработен во фурната и луѓе што чекале ред за леб, вкупно 6-мина, додека 5-мина се ранети.
Во тек се активности за отстранување на урнатините од фурната.
Режимот на Асад, кој под опсада го држи подрачјето на Алепо контролирано од опозицијата, почнувајќи од 19 септември, досега, заедно со Русија изврши голем број воздушни напади во кои животот го загубија околу 500 лица, а ранети се повеќе од 1.600 лица.