Şenhan Bolelli
20 Ноември 2018•Ажурирај: 20 Ноември 2018
МАДРИД (АА) - Во источниот дел на Шпанија, во населба на градот Барселона се случи железничка несреќа откако воз излета од шини. Во несреќата загина најмалку 1 лице, а 10-мина се повредени, од кои 5-мина потешко, јавува Anadolu Agency (AA).
Каталонското радио RAC1 соопшти дека во 6:15 часот по локално време (7:15 по средноевропско), од шините излетале два вагона од возот што сообраќа на линијата Р4, меѓу местата Манреса - Сант-Висенк де Калдерс.
Антонио Кармона, портпарол на компанијата што раководи со железничкиот сообраќај во Шпанија, соопшти дека во несреќата има голем број повредени, додавајќи дека според првичните информации, 1 лице загинало, а 10-мина се повредени, од кои 5-мина потешко.
Во Вакарисес, на местото на несреќата се наоѓаат 14 противпожарни екипи, 8 амбулантни возила и полициски екипи. Повредените се пренесени во локалните болници.
Поради несреќата, запрен е железничкиот сообраќај на линијата Тереса - Манреса