свет

САД: Бројот на загинати во пожарите во Калифорнија се искачи на 79 лица

Илјадници пожарникари се борат да го запрат огнот кој се прошири на површина од 611 километри квадратни

Meryem Göktaş  | 20.11.2018 - Обновена : 21.11.2018
САД: Бројот на загинати во пожарите во Калифорнија се искачи на 79 лица

Ankara

АНКАРА (АА) - Билансот на загинати во пожарот Камп во сојузната американска држава Калифорнија се искачи на 79 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).

Шерифот на округот Бат, Кори Хорнеа, преку Твитер соопшти дека за исчезнати во пожарот се водат најмалку 699 лица, и дека уништени се речиси над 12.000 градби.

Илјадници пожарникари се борат да го запрат огнот кој се прошири на површина од 611 километри квадратни.

Во меѓувреме, пожарот во јужна Калифорнија продолжува да се разгорува.

Најмалку 3 лица загинаа и речиси 450 куќи изгореа во пожарот во јужниот дел на државата.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın