Dildar Baykan
20 Август 2018•Ажурирај: 20 Август 2018
ЊУЈОРК (AA) - По повод одбележувањето на 72-годишнината од независноста на Индија, во Њујорк е одржана парада и е претставена индиската култура, јавува Anadolu Agency (AA).
Во парадата на Авенијата „Медисон“ учествуваа стотици луѓе кои со традиционалните инструменти и облеката со живописни бои привлекуваа внимание.
Церемонијата за одбележување на годишнината од независноста на Индија во Њујорк е најголема од тој вид надвор од границите на земјата.
Учесниците во поворката држеа знамиња на САД и Индија и носеа транспаренти на кои беа испишани пораки за мир.
Организаторите истакнуваат дека тема на овогодинешната церемонија е „светот е едно семејство“.
Упатен е и повик за помош на луѓето во индиската сојузна држава Керала која е погодена од монсунски дождови.