Zülfiya Yakup
17 Февруари 2016•Ажурирај: 18 Февруари 2016
ПРИШТИНА (AA) - Со парада на припадниците на Безбедносните сили на Косово и Полицијата на Косово во центарот на Приштина започна прославата на 17 февруари- Денот на независност на Косово. По интонирање на косовската химна, од бината поставена на Плоштадот Захир Пајазити се обрати претседателката на Косово, Атифете Јахјага, која потсети дека на денешен ден пред осум години е остварен сонот на многу генерации кои се жртвувале за Косово денес да ја слави слободата, јавува Anadolu Agency.
“Се присетуваме на идеалите кои не собрале заедно, посветеноста за слободата и развојот на земјата, за демократијата која се гради секој ден и истовремено за мир. Имено, имамо принципи кои не ограничуваат како народ, вредности кои се создаваат секој ден засновани на основите на различности, културни, верски и етнички и аспирациите кои тежнееме да ги реализираме, да бидеме неотуѓив дел од напредниот свет" , рече Јахјага.
Нагласи дека Косово е неповратна стварност и мир освоен по долга и тешка борба со вечно пријателство со САД, кои беа со Косово во сите периоди на градење на државата. Истакна дека во Косово денес треба да се работи на подобрување на демократијата во Косово и да се работи повеќе за да се докаже дека редот и законот се темел на државата. Меѓутоа, Јахјага додаде дека не смее да се порекне се што е направено до сега, а со дијалог да се решаваат недоразбирањата.
Премиерот на Косово Иса Мустафа рече дека независноста на Косово денес е реалност, признаено од 111 земји, меѓу кои се најсилните, најдемократски и најразвиените земји на светот. Tој истакна благодарност на сојузниците и на пријателите со чија помош е градена државноста на Косово и со чија помош таа сега се консолидира.
Одбележување на 17 февруари, кога пред осум години е прогласена независноста на Косово, ќе продолжи со посета на гробиштата на народните херои, како и со бројни културни манифестации ширум Косово.
Истовремено, обединетата косовска опозиција за денес во 14 часот во центарот на Приштина закажа голем антивладин протест против спогодбата за заедниците на опшитине со српско мнозинство и за договорот за демаркација со границата на Црна Гора.
Косово на 17 феврари 2008 година прогласи независност од Србија. На вонредна свечана седница на косовскиот парламент за Декларацијата за независноста с изјаснија сите 109 присутни пратеници. Косово од 1999 година откако Северноатланскиот сојуз ја бомбардираше Сојузнаа Република Југославија поради војната на Косово беше под управа на ОН, но се сеуште се сметаше дел од СРЈ, така да таа декларација беше првиот чекор кон независноста. Владата на Србија истата вечер донесе одлука за поништување на таа декларација како полноправен чин на привремените институции во Приштина.
Србија до денес не го призна Косово, а преговорите за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина се одвиваат со посредство на Европската комисија.