Monis Bin Ali
20 Август 2018•Ажурирај: 21 Август 2018
ИСЛАМАБАД (AA) - Новиот пакистански Кабинет на премиерот Имран Кан денеска положи свечена заклетва, јавува Anadolu Agency (AA).
Полагањето на заклетвата на 21-члениот Кабинет, кој брои 16 министри и пет советници, е одржано во Претседателската палата во Исламабад, а самиот чин на полагањето заклетва го предводеше претседателот Мемнун Хусеин.
На полагањето на заклетвата присуствуваа, освен премиерот Кан, претседателот на пакистанскиот Парламент, Асад Каисер, и бројни функционери.
Потсетуваме, националниот совет на Пакистан (NA), на 17 август оваа година го избра лидерот на пакистанското Движење за правдата (PTI), Имран Кан, за 22. премиер на оваа земја.