Ahmet Furkan Mercan
30 Март 2022•Ажурирај: 31 Март 2022
ТОКИО (АА) - Во Јапонија со цветањето на дрвјата сакура, кои се сметаат за симбол на почетокот на пролетта, улиците и парковите станаа шарени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во главниот град Токио, многу локални жители, како и странци, се собраа да ги видат боите формирани од цветањето на дрвјата сакура. Овие дрвја цветаат во пролет и есен.

Луѓето кои бегаат од градските облакодери во паркови и градини, се фотографираат под цветовите на црешата, позната како сакура.
За да се видат дрвјата сакура, исто така се организира и пикникот наречен „ханами“.

Цветовите на дрвјата сакура, кои почнуваат да цветаат на крајот на март во Јапонија, остануваат на гранките околу две недели.