Alaattin Doğru
21 Јули 2021•Ажурирај: 23 Јули 2021
ПАРИЗ (АА) - Во Франција е започната истрага во врска со плакатите што претседателот на таа држава, Емануел Макрон, го споредуваат со Адолф Хитлер, јавува Агенција Анадолија (АА).
На билбордите во градовите Тоулон и Сејне сур Мер на јужниот дел на Франција се појавија плакати и карикатура на кои Макрон се споредува со Адолф Хитлер по одлуката за задолжителната вакцинација против Ковид-19.
„Послушајте, вакцинирајте се!“ и „Срамота“ е напишано на плакатите.
Авторот на плакатите и карикатурата е наводно локалниот активист Мишел Анге Флори.
Во саботата повеќе од 100.000 луѓе излегоа на улиците низ Франција протестирајќи против мерките што претседателот Емануел Макрон ги донесе за да го сузбие ширењето на вирусот.
Спорните мерки вклучуваат задолжителна вакцинација за здравствените работници и здравствени пасоши за влез на повеќето јавни места.