Burak Bir
09 Декември 2020•Ажурирај: 10 Декември 2020
ЛЕФКОСА (АА) - Денес во Турската Република Северен Кипар формирана е нова Влада, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ерсан Санер, вршителот на должноста претседател на Партијата за национално единство (UBP), ќе ја предводи новата Влада, формирана по неуспешниот обид минатиот месец, проследен од уште еден безуспешен обид на Туфан Ерхурман, лидерот на Републиканската турска партија (CTP).
Потребата за нова Влада беше поттикната поради изборите во октомври, на кои тогашниот премиер Ерсин Татар беше избран за претседател на земјата, оставајќи го празно местото премиер.
Партијата за национално единство во моментот има 20 места во Парламентот, додека Републиканската турска партија има 12, Народната партија (HP) шест, Демократската партија (DP) три, Социјалдемократската партија (TDP) три и Партијата за повторно раѓање (YDP) две. Три места се резервирани за независните пратеници, откако неодамна се повлекоа од Народната партија.
За формирање Влада потребни се 26 места во Парламентот, кој брои 50 пратенички места.