Muhammet Nazım Taşcı
21 Јуни 2020•Ажурирај: 22 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Во судирите помеѓу безбедносните сили и побунениците во индискиот регион Џаму и Кашмир загинаа тројца побуненици, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Локалните медиуми наведуваат дека до судирите дошло кога, по дојава, започната е акција на подрачјето на Сринагар.
Во текот на судирите загинале тројца побуненици.
Од друга страна, мобилниот интернет е запрен во цел Сринигар, а ограничено е и слободното движење на луѓето во подрачјето на судирите.
Кризата во Кашмир датира уште од 1947 година кога Велика Британија го напушти тоа подрачје без да го реши статусот на регионот. Муслиманите сочинуваат 90 отсто од популацијата на Кашмир, кои по повлекувањето на Британците побараа тој регион да се припои кон Пакистан. Тогашниот управник сепак одлучи Кашмир да го припои кон Индија.
Пакистан и Индија во 1947 година влегоа во првата војна за Кашмир, а потоа повторно војуваа во 1965 и 1999 година.
Индија контролира околу 45 отсто од Кашмир, Пакистан околу 35 отсто, додека Кина 20 отсто. Индискиот дел е наречен Џаму и Кашмир и денес е единствената доминантно муслиманска сојузна територија во Индија.
Индиските власти на 5 август 2019 година го укинаа специјалниот статус на регионот Џаму и Кашмир.
Одлуката за укинување на специјалниот статус, што стапи во сила на 31 октомври 2019 година, го подели регионот на две територии, Џаму и Кашмир на запад и Ладак на исток.