Khalid Mejdoup,Safiye Karabacak
21 Јуни 2020•Ажурирај: 22 Јуни 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на починати од новиот вид коронавирус, Ковид-19, во Оман се зголеми на 131, а во Бахреин на 60, додека бројот на случаи е зголемен во Мароко и Палестина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Оман соопшти дека во последните 24 часа 3 лица починале поради епидемијата, кај 905 лица е дијагностициран Ковид-19, а излекувани се 772 лица.
Се додава дека бројот на починати во земјата достигнал 131, а бројот на случаи со Ковид-19 се искачил на 29.471. Вкупната бројка на оздравени се зголемила на 15.552.
- Бахреин -
Во соопштенито на Министерството за здравство во Бахреин се истакнува дека бројот на починати од Ковид-19 е зголемен на 60.
Исто така се наведува дека во последното деноноќие се евидентирани 415 нови случаи со коронавирусот, со што вкупната бројка достигна 21.331. Во земјата вирусот го победиле вкупно 15.790 лица.
- Мароко -
Министерството за здравство на Мароко соопшти дека во последните 24 часа се детектирани уште 118 лица со Ковид-19, а закрепнале 26 лица. Според тоа, вкупниот број случаи во земјата достигна 9.957, а вкупниот број на оздравени се искачи на 8.249.
Во Мароко, во последните 24 часа нема починат од Ковид-19. Од вирусот досега починаа вкупно 213 лица.
- Палестина -
Палестинскиот министер за здравство, Меј Кејле, во изјавата за медиумите рече дека бројот на заболени од Ковид-19 во земјата е 1.022.
Се наведува дека во Палестина, која е под окупација и блокада, досега од вирусот починаа 5 лица.