Mohammad Sıo
15 Април 2024•Ажурирај: 16 Април 2024
РАМАЛА (АА) - Најмалку 25 Палестинци се приведени во новите израелски рации на окупираниот Западен Брег денес, информираа групите за прашања на затворениците, јавува Анадолу.
Повеќето приведувања се случија во градот Тулкарм, додека други се случија во градовите Ерусалим, Рамала, Џенин, Тубас и Наблус, се вели во заедничката изјава на Комисијата за прашања на затворениците и Здружението на палестинските затвореници.
Најмалку 8.240 Палестинци се приведени од страна на израелските сили на Западниот Брег од 7 октомври, се додава во соопштението.
Тензиите низ окупираната територија се зголемени откако Израел започна смртоносна воена офанзива против Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври.
Најмалку 465 Палестинци оттогаш се убиени, а 8.400 други се повредени во оган на израелската Армија на окупираната територија, според Министерството за здравство.