Şenhan Bolelli
24 Јули 2019•Ажурирај: 28 Јули 2019
МАДРИД
Во Португалија, од следниот месец, со стапување на сила на Законот, ќе се изрекува казна од 25 до 250 евра за тие што ќе фрлаат догорчиња на земја, пренесува Anadolu Agency (АА).
Според новиот Закон усвоен од португалскиот Парламент на 19 јули, чија цел е борба против влијанието на токсичниот отпад врз животната средина, тие што ќе фрлаат догорчиња на земја ќе бидат казнети со парична казна од 25 до 250 евра.
Новиот Закон, покрај за улиците ќе важи и за плажите, речните кејови и парковите, за да бидат исчистени од догорчиња. Овие бизниси се обврзани да стават пепелник на местата одредени за пушење, кој ќе го чистат, а тие што нема да ги исполнат условите ќе бидат казнети со парични казни од 240 до 1.500 евра.
Претставниците на еколошките организации во земјата истакнуваат дека на улиците се фрлаат 7 илјади догорчиња во минута и дека борбата против токсичниот отпад е задолжителна.