Sinan Doğan
24 Јули 2019•Ажурирај: 26 Јули 2019
АНКАРА
На секои пет часа по едно лице умира во полициските операции во Рио де Жанеиро, во Бразил, пренесува Anadolu Agency (АА).
Според веста на информативната агенција АНСА, при интервенциите на полицијата на Рио де Жанеиро во рамките на „Операциите против криминалот“, на секои пет часа умира по едно лице.
Така бројот на загинати лица во полициската интервенција од почетокот на годината достигна 881 лице.
Според веста, бројот на сомнителните смртни случаи во операциите на полициските единици, во споредба со минатата година се зголемил за 14,5 отсто, а бројот на смртни случаи предизвикани од банди е намален.
Гувернерот на Рио де Жанеиро, Вилсон Вицел, во изјавата за најновите бројки рече дека започнале „војна“ против бандите и наркокартелите во провинцијата и дека таа борба ќе продолжи.
Тој, базирајќи се на податоците на Институтот за јавна безбедност, истакна дека бројот на смртни случаи предизвикани од криминалците во споредба со претходната година е намален за 22,6 отсто, а искажано во бројки на 2.083 смртни случаи.
Нагласувајќи дека интензивната борба против организираниот криминал го прави Рио побезбеден, Вицел рече: „Благодарение на мерките преземени од страна на Владата, нашата борба против бандите е зајакната.“
Политичкиот научник Жоао Трајано Сенто, истакнувајќи дека е загрижувачко тоа што бројот на смртни случаи при полициските интервенции е зголемен, рече: „Државата треба да ја осигури безбедноста и да не го охрабрува насилството.“
Гувернерот на Рио де Жанеиро, Вицел, и во изјавата на 17 јули истакна дека зголемувањето на бројот на убиени при операциите на полицијата е нормално и дека најверојатно овој број ќе продолжи да се зголемува за време на неговото владеење.
Вицел, истакнувајќи дека зголемувањето на бројката на убиствата од страна на полицијата ја покажува борбата што се води против наркокартелите, нагласи: „Ние се наоѓаме во конфликт, криминалците ја принудуваат полицијата и Владата да ги надминат своите граници.“