Dmitri Chirciu
24 Јули 2019•Ажурирај: 25 Јули 2019
МОСКВА
Рускиот опозициски активист и основач на „Фондот за борба против корупцијата“, Алексеј Навалниј, е повторно приведен, пренесува Anadolu Agency (АА).
Навалиј на својата социјална мрежа соопшти дека е приведен во утринските часови, кога излегувал од дома за утринско трчање.
Адвокатот на опозиционерот, Олга Михајлова, истакна дека Навалниј е притворен поради тоа што повторно учествувал на демонстрации кои немале дозвола.
Рускиот опозициски активист, Алексеј Навалиј, претходно беше осуден на 10-дневен затвор за учество во демонстрации за поддршка на опозицискиот новинар Иван Голунов.