Ekipa
12 Октомври 2017•Ажурирај: 13 Октомври 2017
СОНОМА (АА) - Официјалните лица во сојузната американска држава Калифорнија потврдија ушта два смртни случаи во пожарите во северниот дел на земјата, со што бројот на настрадани лица се зголеми на 23, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од канцеларијата на шерифот на округот Сонома, каде што е забележан најголем број на смртни случаи, синоќа соопштија дека загинале 13 лица. Другите десет лица животот го загубиле во други три окрузи.
Во однос на двата нови смртни случаеви, не објавија никакви податоци за нив, ниту на кој начин загинале.
Откако во неделата избија големите пожари, до сега опожарија површина од околу 430 километри квадратни.
Уништени се најмалку 3.500 домови и претпријатија. Повредени се најмалку 180 лица, а стотици се водат за исчезнати.