Ekipa
12 Октомври 2017•Ажурирај: 12 Октомври 2017
ГАЗА (АА) - Лидерот на палестинското движење Хамас Исмаил Ханија, соопшти дека делегациите на Хамас и на ривалското палестинско движење Фатах на преговорите во египетскиот главен град Каиро постигнале договор за национално единство, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ханија прогласува дека Хамас и Фатах рано утринава со посредство на Египет постигнале договор“, наведе во пишано соопштение портпаролот на Хамас, Тахин ал-Нуну.
Во соопштението не се откриени детали за постигнатиот договор, а палестинските извори јавуваат дека денес во попладневните часови се очекува прес-конференција на која лидертите на двете движења ќе треба да ѝ ги претстават на јавноста деталите.
Преговорите во Каиро започнаа во вторникот минатата недела, а цел на преговорите е надминувањето на несогласувањата меѓу Хамас, кој е доминантен во Газа и Фатах, кој има власт на Западниот Брег.
По десет години административна и политичка отцепеност, минатата недела Хамас го распушти локалниот комитет и на Владата на национално единство ѝ ја предаде власта во Газа, а премиерот на Палестина, Рами Хамдала одржа прва седница на владата во Газа по три години.
Тоа беше позитивен вовед во мировните преговори кои се во Каиро.