Halit Süleyman
12 Октомври 2017•Ажурирај: 12 Октомври 2017
РАКА (АА) - Четиринаесет цивили го загубија својот живот во воздушниот напад извршен во сирискиoт град, Рака, кој е под контрола на терористичката организација ДЕАШ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Мрежата на активисти „Во Рака се извршува тивок масакр“, преку социјалните мрежи соопшти дека еден воен авион на меѓународната коалиција предводена од страна на САД, извршил воздушен напад врз две семејства кои мигрирале кон Рака, во областа Тедмур во Хомс, при што животот го загубиле 14 цивили.
Сириската мрежа за човекови права (СНХР) соопшти дека досега 2.286 цивили, од кои 674 деца и 504 жени, загинале како резултат на воздушните напади кои започнаа пред три години од страна на колаицијата за борба против терористичката организација ДЕАШ.
Коалициските сили предводени од страна на САД, на 23 септември 2014 година започнаа операција во рамките на борба против ДЕАШ во Сирија.