Ekipa
12 Октомври 2017•Ажурирај: 12 Октомври 2017
ХАНОЈ (АА) - Во поплави и лизгање на земјиштето предизвикани по тропскиот циклон кој го зафати централен Виетнам загинаа најмалку 37 лица, а уште 40 се водат за исчезнати, пренесуав Anadolu Agency (AA).
Во природната катастрофа беа повредени 21 лице, уништени или оштетени се над 1.000 куќи, поплавени се 16.740 домови, а оштетена е инфраструктурата во шест централни и северни провинции, соопштија од Центарот за управување со катастрофи во Виетнам.
Претставникот на Центарот, Виет Хоанг, рече дека во најтешко погодената провинција Хоа Бин загинаа 11 лица, а 21 лице е исчезнато.
Меѓу загинатите се членовите на четири семејства чии куќи се затрупани во лизгањето на земјиштето кое се случи во раните утрински часови, додека тие спиеле.
Во несреќата загинаа шест лица, а 12 се водат за исчезнати. Бин додава дека спасувачките тимови се обидуваат да ги пронајдат исчезнатите.
Тропската депресија во вторникот го погоди централниот дел на Виетнам и донесе силен дожд. Според временската прогноза, врнежи се очекуваат и денес, велат од Центарот за катастрофи.
Виетнам е земја подложнна на поплави и бури каде што секоја година гинат стотици луѓе.