Ekipa
28 Февруари 2017•Ажурирај: 28 Февруари 2017
РАМАЛА (АА) - Палестинската Влада донесе одлука за распишување на локалните избори на Западниот Брег, а изборите во појасот Газа се одложени за понатаму поради противењето од страна на Хамас, јавува Anadolu Agency (AA).
Палестинската новинска агенција ВАФА објави дека на денешната седница на палестинската Влада во Рамала, донесена e одлука на 13. мај да се одржат локалните избори на Западниот Брег, но воедно и да се одложат локалните избори во појасот Газа сѐ додека не бидат исполнети условите за нивното одржување.
Палестинското движење Хамас, кое е на власт во Газа, претходно соопшти дека нема да организира никакви изборни процеси во регионот, додека не се постигне договор меѓу палестинските групи.
Во 2006 година се одржаа последните избори во Палестина на кои учествуваа Хамас и Фатах.
Оттогаш Хамас ја контролира власта во Газа, а локалните избори на Западниот Брег се одржаа и во 2012 година без учество на Хамас.