Alaattin Doğru
25 Март 2022•Ажурирај: 25 Март 2022
АНКАРА (АА) - Во Париз, главниот град на Франција, активисти го нападнаа Рускиот културен центар со јајца во знак на протест против војната на Русија против Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Активисти од различни групи дојдоа пред Културниот центар кој се наоѓа до Руската православна црква во областа квартот Сен Тринити, пишуваа разни пароли на прозорците и фрлаа со јајца.
Француските медиуми пишуваа дека меѓу луѓето кои го извршиле нападот со јајца се наоѓаат членови на „СОС расизам“, Украинци и Грузијци.
На фотографиите што ги сподели францускиот новинар Клемен Лано на неговиот профил на Твитер, се гледа како едно лице од групата, за кое се наведува дека е активист, на англиски јазик на прозорците од центарот со црвен спреј напиша „Запрете го Путин“ (Stop Putin), додека другите демонстранти фрлаа јајца кон зградата.
Врз групата немало никаква интервенција врз групата.
По рускиот напад на Украина, слични напади претходно беа извршени и на Руската православна црква, а на нејзините ѕидови беа испишани навредливи зборови.