İlkay Güder,Muhammed Ali Toruntay
24 Јануари 2018•Ажурирај: 25 Јануари 2018
АНКАРА (AA) - Турските вооружени сили (TSK) соопштија дека во воздушните напади во рамките на операцијата Маслинова гранка во Африн уништија 47 мети на ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во рамките на операцијата 'Маслинова гранка' на нашите 27 авиони уништени се 47 мети на ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ. Авионите по операцијата безбедно слетале во воената база", се наведува во соопштението на турските сили.
Се наведува и дека во рамките на операцијата досега се неутрализирани 287 терористи на ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ.
Се додава и дека операцијата Маслинова гранка во Африн се одвива според предвидениот план.
Операцијата, во која учествуваат и припадници на Слободната сириска војска, покрената е во сабота со цел воспоставување на безбедност во пограничниот појас, неутрализација на терористичките елементи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ, ослободување на територијата под окупација на терористите и пружање поддршка на народот во тоа подрачје.