Ahmed Asmar
07 Ноември 2023•Ажурирај: 07 Ноември 2023
АНКАРА (АА) – Бројот на загинати Палестинци во израелските напади на Западниот Брег од 7 октомври се искачи на 163, соопшти палестинското Министерство за здравство, пренесува Анадолу.
Во краткото соопштение Министерството наведува дека од почетокот на годината, 371 Палестинец се убиени од израелските сили на Западниот Брег.
Бројот на повредени Палестинци на Западниот Брег од 7 октомври надмина 2.200.
Тензиите низ Западниот Брег се зголемија по избувнувањето на судирите на 7 октомври меѓу палестинските групи на отпорот и Израел во Газа.