Ali Mukarrem Garip
25 Август 2019•Ажурирај: 26 Август 2019
КИРКУК (АА) - Терористичката организација ДЕАШ изврши напад со минофрлач врз мал фудбалски стадион во подрачјето на Дакук, во ирачкиот град Киркук, при што смртно настрадаа 5 лица, додека шест се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
„Извршен е напад со минофрлач во подрачјето на Дакук во Киркук“, истакна во изјавата за АА Афрасјав Камил, службеник во Полициската дирекција во Киркук задолжен за медиумите.
Камил рече дека во нападот биле таргетирани припадниците на туркменските сили при „Хашди ал Шаби“, кои спортувале на мал фудбалски стадион во селото Имам Зејнелабидин во ова подрачје.
„Во нападот загинаа 5 лица, додека 6 лица се повредени“, додаде тој.
Камил информираше дека нападот бил извршен од страна на милитантите на терористичката организација ДЕАШ.
Според него, по овој напад, милитантите на ДЕАШ се обиделе да влезат во селото, но биле спречени од Федералните полициски сили на Ирак.