свет

Во израелските напади убиени 34 Палестинци во Појасот Газа изминатите 24 часа

- Најмалку уште 34 Палестинци се убиени, а 68 се повредени во последните 24 часа во израелските напади на опколениот Појас Газа, соопшти денес Министерството за здравство на територијата

Mohammad Sıo  | 29.04.2024 - Обновена : 30.04.2024
Во израелските напади убиени 34 Палестинци во Појасот Газа изминатите 24 часа

ГАЗА (АА) - Најмалку уште 34 Палестинци се убиени, а 68 се повредени во последните 24 часа во израелските напади на опколениот Појас Газа, соопшти денес Министерството за здравство на територијата, јавува Анадолу.

„Израелските окупациски сили извршија три масакри врз семејства во Појасот Газа, оставајќи 34 маченици и 68 повредени во текот на изминатите 24 часа“, се вели во соопштението на Министерството.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава.

Непочитувајќи ја привремената пресуда на Меѓународниот суд на правдата, Израел продолжува со нападот врз Појасот Газа, убивајќи најмалку 34.488 Палестинци, главно жени и деца, а повреди 77.643 од 7 октомври досега, објавија палестинските здравствени власти.

Израел започна брутална воена офанзива врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври.

Според податоците на Обединетите нации (ОН), израелската војна во Газа принуди 85 отсто од населението внатрешно да се раселат, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за гарантирање дека хуманитарната помош ќе стигне до цивилите во Газа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın