Hacer Çakır
14 Март 2024•Ажурирај: 15 Март 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на убиени Палестинци во смртоносната офанзива на Израел, кој е обвинет за геноцид, врз Појасот Газа од 7 октомври минатата година, се зголеми на 31.341, објави денес Министерството за здравство на оваа палестинска енклава, јавува Анадолу.
Министерството даде информации за израелските напади врз Појасот Газа што траат веќе 160 дена.
Наведено е дека израелските сили во последните 24 часа убиле уште 69 Палестинци во Појасот Газа, со што вкупниот број се искачи на 31.341.
Соопштено е дека во израелските напади во изминатите 24 часа се ранети 110 Палестинци, со што вкупниот број повредени во Појасот Газа се искачи на 73.134.
Се додава дека голем број тела сѐ уште се наоѓаат под урнатините и на патиштата, бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив.
Според податоците на Министерството, околу 72 отсто од жртвите се жени и деца.
По обвинението за геноцид поднесено од Јужноафриканската Република, на 26 јануари Меѓународниот суд на правдата пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убиства, напади и уништување на жителите на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.
Сепак, нападите продолжуваат со несмалено темпо, а испораката на помош останува недоволна за справување со хуманитарната катастрофа.