Zeynep Beyza Kılıç
14 Март 2024•Ажурирај: 15 Март 2024
АНКАРА (АА) - Украинската Армија изврши артилериски напад врз клучната инфраструктура на нуклеарната централа Запорожје во југоисточна Украина, најголемата централа во Европа, објави раководството на централата преку социјалните мрежи утринава, пренесува Анадолу.
Руските сили ја зазедоа нуклеарната централа Запорожје во март 2022 година, веднаш по почетокот на војната во Украина.
„Експлозив е фрлен во областа зад резервоарите за дизел гориво“, се вели во соопштението во кое се тврди дека е истрелан артилериски оган врз клучната инфраструктура на централата.
„Ако ги погодат резервоарите, тоа може да доведе до многу тешки последици“, се вели во соопштението, во кое се нагласува тежината на ситуацијата.
Шесте нуклеарни реактори на електраната произведуваат капацитет од 5,7 гигават-часови, што обезбедува 20 отсто од вкупните потреби за електрична енергија на Украина.