Ahmed Asmar
05 Декември 2024•Ажурирај: 06 Декември 2024
АНКАРА (АА) - Во израелските напади врз Појасот Газа убиени се уште 48 Палестинци, со што вкупниот број на убиени од минатата година се зголеми на 44.580, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата, јавува Анадолу.
Министерството додаде дека во нападите од минатата година повредени се најмалку 105.739 Палестинци.
„Израелските сили убија 48 лица, повредија 201 во пет масакри на семејства во последните 24 часа“, соопшти Министерството.
„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата, бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава.
Израелската Армија ја продолжи геноцидната војна во Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации која повикува на итен прекин на огнот.
Меѓународното признавање на геноцидот во Газа се зголеми во втората година од смртоносната израелска војна, а организациите и лидерите ги окарактеризираа настаните како намерен обид за уништување на населението.
Минатиот месец, Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.