Ali H. M.Abo Rezeg
28 Февруари 2018•Ажурирај: 28 Февруари 2018
КАИРО (АА) - Најмалку 15 лица загинаа, а десетици се повредени во судир на два воза во подрачјето на делтата на Нил во Египет, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на египетското Министество за транспорт, Мухамед Ез, соопшти дека железничката несреќа се случила кога патнички воз се судрил со товарен воз во северната египетска покраина Бехира.
„Во несреќата загинаа петнаесет лица, додека 40 се повредени“, истакна Ез кој беше цитиран од египетската државна новинска агенција МЕНА. Тој нагласи дека бројот на жртвите сѐ уште е прелиминарен.
Шефот за безбедност на покраината Бехира, Ала ал-Дин Абдел-Фетах, истакна дека несреќата се случила откако еден вагон од патничкиот воз се откачил и удрил во товарниот воз.
Египетскиот јавен обвинител, Набил Садик, нареди итна истрага за несреќата.
Денешната несреќа се случува откако пред неколку месеци во слична железничка несреќа во Александрија животот го загубија 42 лица, а дваесетина беа повредени.
Во 2002 година, над 350 лица беа изгорени до смрт во патничкиот воз кој патуваше од Каиро до Асуан, во јужен Египет, најлошата железничка несреќа во историјата на земјата.
Според египетските власти, во 2016 година во Египет се случиле околу 722 железнички несреќи.