Hacer Başer
28 Февруари 2018•Ажурирај: 01 Март 2018
САНА (АА) - Епидемијата на дифтерија во Јемен досега одзеде 72 животи, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение што го даде Светската здравствена организација (СЗО), на целата територија на Јемен од август минатата година досега се забележани 1.193 случаи на дифтерија, а епидемијата беше причина за смрт на 72 лица.
Се додава дека епидемијата е забележана во 20 од 23 области во Јемен, а најголем број сомнителни случаи се забележани во областите Иб и Ел Худаида.
Јемен речиси 3 години е место на насилни судири меѓу легитимната влада поддржана од коалициските сили предводени од Саудиска Арабија и Хусите. Оваа земја покрај борбата против дифтеријата, се бори и против епидемија на колера.