Tufan Aktaş
22 Јули 2022•Ажурирај: 24 Јули 2022
ИСТАНБУЛ (АА) – Етиопија на сомалиската граница неутрализира околу 100 припадници на терористичката организација Ал Шабаб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на Националната телевизија на Сомалија, силите на Етиопија извршиле операција против организацијата, која почнала да ги напаѓа пограничните села.
Во операцијата неутрализирани се околу 100 милитанти, а запленети се и голем број парчиња оружје и муниција.
Ал Шабаб вчера ги нападна селата Ато, Јед и Вашаго во пограничните региони.
Некои градови и села во јужниот и централниот дел на земјата се наоѓаат под контрола на Ал Шабаб.
Терористичката организација Ал Шабаб се обидува да ја собори Владата воспоставена во Могадишу од средината на 2000-тите години.
Организацијата, исто така, одвреме-навреме организира терористички напади во соседната Кенија.
Хасан Шеик Махмуд, кој во мај вторпат седна на претседателската фотелја, соопшти дека развиле нова политика во борбата против Ал Шабаб.