Adam Abu-bashal
22 Јули 2022•Ажурирај: 24 Јули 2022
АБУЏА - Во сообраќајна несреќа што се случи во нигериската држава Кадуна, во која учествуваа едно возило и два минибуса, според првичните проценки животот го загубија 30 лица, известува Агенција Анадолија (АА).
Абдурахман Јакасаи, координаторот на Организацијата за национална безбедност на патиштата на Кадуна (FRSC), информира дека на патот Зариа - Кано во државата Кадуна, едно возило кое доаѓало од спротивен правец се судрило со два минибуса.
Јакасаи информира дека според првичните проценки, во несреќата животот го загубиле 30 лица, а голем број се повредени.
Тој соопшти дека дел од повредените се во тешка состојба и изрази загриженост од можноста за зголемување на бројката на загинати.
Јакасаи рече дека е можно причина за сообраќајката да е прекумерна брзина.