свет

Во градинка во САД избодени 5 лица, меѓу кои 3 бебиња

- Со убодни рани во пределот на абдоменот се здобија бебиња на возраст од три дена и од еден месец, додека бебето старо 20 дена има исеченици во пределот на увото, брадата и усните

Ekipa  | 21.09.2018 - Обновена : 22.09.2018
Во градинка во САД избодени 5 лица, меѓу кои 3 бебиња

Njujork

ЊУЈОРК (АА) - Најмалку пет лица, меѓу кои и три доенчиња се избодени во една градинка во Њујорк, јавува Anadolu Agency (AA).

Официјални претставници потврдија дека настанот е забележан во утринските часови во еден дом во квартот Квинс, во кој е сместена градинката.

Со убодни рани во пределот на абдоменот се здобија бебиња на возраст од три дена и од еден месец, додека бебето старо 20 дена има исеченици во пределот на увото, брадата и усните.

Полицијата наведува дека се повредени таткото на едно од децата, што во моментот се наоѓал во градинката, и жена што работела во неа. Сите се во критична, но во стабилна состојба.

Полицијата во подрумот на една куќа што се наоѓа во близина на градинката, пронашла 52-годишна жена која се самоповредила и таа сега се наоѓа во болнички притвор.

Истрагата е во тек. На местото на настанот пронајдени се месарски нож и месо. Мотивот за нападот сѐ уште не е утврден и не е јасно дали градинката е лиценцирана за работа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın