Mohamad Misto,Levent Tok,Selen Temizer
21 Септември 2018•Ажурирај: 22 Септември 2018
ХАСЕКЕ/АНКАРА (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) продолжуваат да вршат испорака на оружје, муниција и воена опрема на териториите под контрола на ЈПГ/ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информации добиени од доверливи извори во Хасеке, дописникот на АА јавува дека последниот месец, приближно 1.500 ТИР-камиони од граничниот премин Симелка на сириско-ирачката граница, во доцните вечерни часови влегле на териториите под контрола на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Изворите наведуваат дека поголемиот дел од овој транспорт ѝ е доделен на ЈПГ/ПКК, под изговор дека воената помош ќе се користи во борбата против ДЕАШ во Деир ез-Зор, а дека еден дел ќе биде пренесен во американските магацини во Хараб Ишк, Челеби и Ајн Иса.
- Во подрачјето е префрлено големо количество муниција
Во транспортот кој е забележан од страна на камерите на АА, се наоѓаат блиндирани возила, транспортери на персонал, лесна пешадиска муниција, опрема за тешко вооружување и муниција, градежна машинерија и големо количество материјал за мобилни засолништа.
Според изворите, една четвртина од опремата е наменета за американската војска, додека преостанатиот дел од транспортот е наменет за американскиот сојузник ЈПГ//ПКК.
Соединетите Американски Држави, претходно преку Ирак, со помош на илјадници ТИР-камиони ѝ доставија оружје, возила и муниција на терористичката организација ЈПГ/ПКК. Се знае дека САД првата испорака ја изведоа во април 2016 година.
Во моментов, САД, на територијата на Сирија што е под контрола на ЈПГ/ПКК, поседуваат 15 бази и воени точки. Во тек е изградба на три американски бази во Камишли и Деир ез-Зор. На споменатите точки, САД со своите специјални единици и опрема ѝ даваат поддршка на ЈПГ/ПКК во операциите против ДЕАШ, а во исто време им обезбедуваат заштита од силите на Слободната сириска војска.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК, тешкото вооружување што го доби од САД, блиндирани возила заштитени од мини, муниција, лесно вооружување, гориво и монтажни контејнери за воена намена, ги складира на 13 локации во северна Сирија. Организацијата, распределбата на оружје за своите членови го прави преку овие воени складишта.