Safiye Karabacak
22 Септември 2018•Ажурирај: 23 Септември 2018
РАМАЛА (AA) - Претседателот на Палестина Махмуд Абас изјави дека Палестинците се спремни на преговори со Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
„Спремни сме отворено или тајно да преговараме со Израел, со присуство на меѓународни посредници", рече Абас на конференцијата за медиуми, по состанокот со претседателот на Франција Емануел Макрон во Париз.
Нагласи дека очекуваат преговорите да бидат водени со поддршка на одредени меѓународни посредници, односно квартет, кој го сочинуваат Соединетите Американски Држави (САД), Русија, Обединетите нации (ОН) и Европската унија (ЕУ).
„Палестинците никогаш не одбиле преговори", рече претседателот на Палестина, додавајќи дека израелскиот премиер Бењамин Нетанјаху ги загрози мировните преговори на двете страни.
„Нетанјаху е тој кој го поремети мировниот процес", рече Абас кој во четврток стаса во посета на Париз на повик на претседателот Макрон.
По посетата на Франција, Абас во сабота ќе ја посети Ирска, пред да отпатува во Њујорк на состанок на Генералното собрание на ОН.
Потсетуваме, мировните преговори помеѓу Палестина и Израел се покренати во 2014 година.