Ahmet Dursun
22 Септември 2018•Ажурирај: 23 Септември 2018
АНКАРА (AA) - Официјални ирански претставници соопштија дека во терористичкиот напад за време на воена парада во градот Ахваз, загинале 24 лица, а 53 се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми наведуваат дека напаѓачите отвориле оган на безбедносните сили. Во текот на десетминутниот напад убиени се и четири напаѓачи.
Нападот е изведен во текот на парадата организирана по повод Недела на одбраната во Иран.