Sayed Khodaiberdi Sadat,Büşra Selvi Öğütcen
02 Ноември 2020•Ажурирај: 03 Ноември 2020
КАБУЛ (АА) – Во бомбашкиот и вооружен напад на Универзитетот во Кабул, главниот град на Авганистан, животот го загубија 19 лица, а повредени се 22 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тарик Арјен, соопшти дека во бомбашкиот и вооружен напад на најголемиот универзитет во земјата животот го загубиле 19 лица, од кои најголем број студенти.
Портпаролот, исто така, истакна дека во нападот повредени се 22 лица, а судирите меѓу безбедносните сили кои пристигнаа на местото на нападот и напаѓачите завршиле.
Арјен нагласи дека неутрализирани се тројца напаѓачи.
- Отворање на Саемот на книгата -
За денес на Правниот факултет при Универзитетот во Кабул биле планирани испити, а нападот бил извршен токму во тој дел од Универзитетот.
Покрај тоа, денес требаше да се отвори и Саемот на книга за пријателство помеѓу Авганистан и Иран со учество на многу високи функционери.