Muhammet Kurşun
02 Ноември 2020•Ажурирај: 02 Ноември 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Во Иран, бројот на починати како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 35.738, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, истакна дека во последните 24 часа од последиците предизвикани од Ковид-19 починале уште 440 лица.
Лари нагласи дека со ова, вкупниот број на починати од овој вирус во Иран пораснал на 35.738.
Таа информира дека во земјата се дијагностицирани уште 8.289 случаи на лица заразени со овој вирус, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата се зголемила на 628.078.
Според Лари, 5.315 заразени лица се наоѓаат во тешка состојба, а оздравеле 491.247 лица.
Таа нагласи дека во Иран досега се направени 5.142.002 тестирања за Ковид-19.
Донесена беше одлука незадолжително да се затворат работните места во 25 провинциски центри и 89 области низ Иран.
Од друга страна, влезот и излезот во 25 провинциски центри е забранет.