свет, Коронавирус

Во САД од Ковид-19 починаа над 108.000 лица

Во САД во текот на изминатото деноноќие се потврдени 21.522 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени се зголеми на 1.882.148

Islam Doğru  | 03.06.2020 - Обновена : 04.06.2020
Во САД од Ковид-19 починаа над 108.000 лица

ЊУЈОРК (АА) - Во Соединетите Американски Држави (САД) во изминатите 24 часа од последиците на Ковид-19 починаа 1.159 лица, со што вкупниот број на починати достигна 108.104, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Податоците од интернет страницата „Worldometer“, на која се прикажуваат податоците за епидемиолошката ситуација во светот, покажуваат дека во САД во текот на изминатото деноноќие се потврдени 21.522 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени се зголеми на 1.882.148.

Во земјата во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19 починаа 1.159 лица, со што вкупниот број на починати достигна 108.104.

САД е најпогодена земја од Ковид-19 во светот, а според бројот на лица позитивни на тестот за коронавирусот следуваат Бразил (558.237), Русија (432.277) и Шпанија (287.012).

Жариштето на Ковид-19 во САД е Њујорк, каде се заразени 381.912 лица, од нив починаа повеќе од 30.000 лица.

По Њујорк, најмногу погодени од овој вирус, се сојузните држави Њу Џерси со речиси 163.000 случаи и Илионис со повеќе од 121.000 заразени со коронавирусот.

Во САД досега се извршени околу 18.616.000 тестирања за Ковид-19. Бројката на излекувани лица од овој вирус надмина 646.000.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın