Ahmet Gürhan Kartal
03 Јуни 2020•Ажурирај: 03 Јуни 2020
ЛОНДОН
Илјадници демонстранти денеска се собраа во централниот дел на Лондон за да искажат солидарност со демонстрациите во САД под име „Животите на црномурните луѓе се важни“, а кои беа започнати во знак на искажување незадоволство поради полициското насилство и смртта на Џорџ Флојд, јавува Агенција Анадолија (АА).
Флојд (46) почина откако полицаецот Дерек Шоувин го држел кoленото на неговиот врат речиси девет минути. Последните зборови на Флојд биле „Не можам да дишам“, што стана слоган на протестите кои се проширија низ целата земја.
Со независна аутопсија во понеделникот беше соопштено дека Флојд починал од задушување поради континуиран притисок.
Во британската престолнина во неделата беше одржан протест на плоштадот „Трафалгар“, а предвидени се повеќе протести за денеска и во наредните денови во градот и низ целата земја.
Демонстрантите извикуваа „Нема правда, нема мир!“, со некои транспаренти на кои пишуваше: „Започнете да ги штитите животите на црномурните луѓе!“
Протестите се планирани и за вечерва во лондонските области Брикстон и Левишам.
Од луѓето низ Велика Британија беше исто така побарано во 18:00 часот по локално време да клекнат на колено во знак на солидарност со Џорџ Флојд, начинот на кој тој беше задушен од страна на полицаец белец во Минеаполис.
Смртта на Флојд предизвика огромни протести и судири во сите 50 држави во САД, и тие продолжуваат и покрај полициските часови воведени од американските власти.