Burak Bir,Dilara Hamit
04 Октомври 2020•Ажурирај: 06 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Напорите на Турција за развој на автохтона вакцина против новиот коронавирус ја достигнаа фазата на испитувања врз луѓе, изјави турскиот министер за здравство Фахретин Коџа, јавува Агенција Анадолија (AA).
Во телефонскиот разговор со претседателот Реџеп Таип Ердоган, министерот Коџа рекол дека уште три истражувања за пронаоѓање на вакцината во Турција, исто така, ќе достигнат до оваа точка во следните седум до десет дена.
„Во Турција во последните 24 часа потврдени се 1.502 нови случаи на Ковид-19, додека 1.211 пациенти се излекувани“, соопшти Министерството за здравство. Вкупниот број на случаи на коронавирус во Турција сега изнесува 323.014, а вкупно се излекувани 283.868 лица.
Министерството за здравство информираше дека во текот на изминатите 24 часа се извршени 103.219 тестирања за коронавирус, со што вкупниот број на направени тестирања надминал 10,71 милион.
Бројот на починати од последиците на коронавирусот достигна 8.384, откако во последните 24 часа беа потврдени 59 смртни случаи. Од Министерството се додава дека 6,4 отсто од пациентите добиваат воспаление на белите дробови.