Fahri Aksüt
20 Мај 2020•Ажурирај: 21 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, во врска борбата со новиот вид коронавирус, Ковид-19, истакна дека кога дневниот број на случаи со коронавирус ќе падне под 1.000, тој пад ќе биде индикатор за успехот на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот Коџа одржа прес-конференција по состанокот со Научниот комитет за коронавирусот, одржан преку видеоконференција.
Нагласувајќи дека веќе 9 недели се води борба против пандемијата, министерот Коџа рече дека борбата се одвивала координирано.
Истакнувајќи дека мерките за претпазливост од епидемијата се прифатени од општеството Коџа нагласи: „Борбата во соработка со сите страни и сериозноста за сопствената одговорност ни донесе успех. Нашата борба против коронавирусот е нашата најголема мобилизација во блиска иднина.“
- „Светот не го знае точниот датум кога ќе се ослободиме од вирусот“ -
Министерот Коџа исто така истакна дека Турција постигна успех во првата фаза против коронавирусот и дека ќе успее и во оваа фаза.
„Падот на бројот на ново заразени е графиконот на нашиот успех. Кога дневниот број на случаи со коронавирус ќе падне под 1.000, тој пад ќе биде индикатор за нашиот успех“, истакна министерот Коџа.
„Загубивме луѓе поради болеста, но бројката на починати се намалува. Се надеваме дека е близу денот кога ќе немаме починати од болеста. Ние, како здравствени работници, Научниот комитет и тимовите за стратегија во борбата против епидемијата ниту еден ден не го живеевме без надеж“, додаде Коџа.
Наведувајќи дека светот не го знае точниот датум кога ќе се ослободи од вирусот, Коџа рече дека експертите не можат да направат таква проценка.
„Доколку ова беше предвидливо, наместо да планираме нов живот, ќе очекувавме целосно да заврши борбата против овој голем ризик. Но, не е можно да се знае кога ќе се неутрализира последниот вирус кој го нападна човечкиот организам. Бидејќи не знаеме до кога ќе трае борбата, животот го планираме одново. Најпрво ги преземаме мерките за заштита од вирусот. Научниците од целиот свет предупредуваат во оваа насока“, нагласи Коџа.