Tuba Şahin
29 Ноември 2019•Ажурирај: 01 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Турција за десет месеци во 2019 година ја посетиле 40.719.786 странски туристи, што е пораст од 14,47 отсто во однос на истиот период минатата година, јавува Агенција Анадолија (AA).
Министерството за култура и туризам соопшти дека според статистичките податоци за периодот јануари - октомври 2019 година, најмногу посетители имало од Русија, Германија и Велика Британија, а следуваат Бугарија и Иран.
Бројот на посетители од Руската Федерација е зголемен за 16,94, Германија за 11,8, а Велика Британија за 13,16 отсто.
Во октомври Турција ја посетиле 4.291.574 туристи, што е за 14,28 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година.
Во десеттиот месец најмногу посетители имало од Руската Федерација, а следуваат Германија, Бугарија, Велика Британија и Иран.
Анталија, една од најпопуларните туристички дестинации, за десет месеци ја посетија 14,1 милион лица.
Истанбул се најде на второ место, а градот на Босфор го посетија 12,7 милиони странски туристи.