Турција, Коронавирус

Билансот на починати од Ковид-19 во Турција порасна на 277

Турскиот министер за здравство одржа прес-конференција по состанокот на Научниот комитет за коронавирусот и одговораше на прашањата на новинарите

Yıldız Nevin Gündoğmuş  | 01.04.2020 - Обновена : 02.04.2020
Билансот на починати од Ковид-19 во Турција порасна на 277

АНКАРА (АА) - Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, истакна дека поради коронавирусот во последните 24 часа починале уште 63 лица, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се искачи на 277, јавува Агенција Анадолија (АА).  

Министерот за здравство одржа прес-конференција по состанокот на Научниот комитет за коронавирусот и одговораше на прашањата на новинарите.

Коџа соопшти дека уште 63 лица починале како резултат на Ковид-19 во последните 24 часа, и дека регистрирани се уште 2.148 новозаразени.

„Во последните 24 часа регистрирани се 2.148 лица со Ковид-19. Починаа 63 лица. Бројот на заразени се зголеми на 15.679, додека бројот на починати лица на 277. Вкупниот број излекувани од коронавирусот изнесува 333 лица“, рече министерот Коџа.

Според Министерството за здравство, денеска се тестирани 14.396 лица, а вкупната бројка на тестирани лица досега изнесува 106.799.

„Ова е војна за јавното здравје. Нашата цел е да излеземе од оваа војна со најмалку загуби на живот и да го ставиме под контрола вирусот што е можно поскоро“, нагласи Коџа на прес-конференцијата.

Истакнувајќи дека околу 80 проценти од смртните случаи се лица над 60-годишна возраст, министерот Коџа рече дека стапката на смртност е 1,58 проценти.

Коџа нагласи дека во болниците нема никакви проблеми, и дека стапката на исполнетост на одделите за интензивна нега изнесува 63 проценти. „Во Анадолија стапката на исполнетост на болниците изнесува 40 проценти. Во болниците немаме никакви проблеми“, рече турскиот министер. 


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın