Gamze Türkoğlu Oğuz
01 Април 2020•Ажурирај: 02 Април 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на потврдени случаи на новиот вид коронавирус, Ковид-19, во светот ја надмина бројката од 900 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веб-страницата „Worldometer“, која нуди податоци за новите случаи на Ковид-19 во земјите и регионите, вкупниот број на потврдени случаи во светот ја достигна бројката од 903.819.
Во однос на бројот на случаи на коронавирус, САД се рангирани на првото место со 200.269 случаи, по што следат Италија со 110.574 случаи и Шпанија со 102.136 случаи.
Во Кина, од каде што се појави епидемијата, регистрирани се 81.555 случаи. Потоа следуваат Германија со 75.754 случаи, Франција со 52.128 случаи, Иран со 47.593, Велика Британија со 29.474, Швајцарија со 17.137 случаи, Белгија со 13.964 случаи, Холандија со 13.614 случаи, Турција со 13.531, додека во Австрија се регистрирани 10.585 случаи на вирусот.
Ковид-19 по појавувањето во декември 2019 година во градот Вухан, во кинеската покраина Хубеј, се рашири во речиси 200 земји во светот и се претвори во пандемија.
Во светот досега починаа 45.334 лица.