Barış Seçkin
01 Април 2020•Ажурирај: 02 Април 2020
РИМ (АА) - Италијанскиот министер за надворешни работи, Луиџи Ди Мајо, упати благодарност до Турција за медицинската помош која Турција ја испрати во оваа земја за борба против новиот вид коронавиус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Денешната помош за нас е многу значајна. Поради солидарноста му се заблагодаруваме на претседателот Ердоган, министерот за надворешни работи, Чавушоглу и до целиот турски народ“, истакна Мајо.
Тој во воздухопловната база „Практика ди Маре“ во близина на Рим го пречека авионот на Турските вооружени сили (ТСК) со кого пристигна медицинската помош.
Министерот Ди Мајо, во изјавата за АА, заблагодарувајќи се на Турција за помошта рече дека е таа е од витално значење за земјата во овие услови.
Истакна дека Италија има потреба од 100 милиони маски месечно и додаде дека за периодот низ кој минува земјата солидарноста е клучна.