свет

Во Австрија за шест месеци извршени речиси 2.000 кривични дела поради омраза

Во извештајот се истакнува дека се извршени 1.936 кривични дела од омраза во периодот од ноември 2020 година до април 2021 година

Aşkın Kıyağan  | 22.07.2021 - Обновена : 23.07.2021
Во Австрија за шест месеци извршени речиси 2.000 кривични дела поради омраза

ВИЕНА (АА) - Според Извештајот за кривични дела од омраза изработен од австриското Министерство за внатрешни работи, во земјата, во периодот од ноември 2020 година и април 2021 година се извршени 1.936 кривични дела од омраза, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Извештајот за кривични дела од омраза, подготвен од Министерството за внатрешни работи кој е објавен за првпат во земјата, е споделен со јавноста.

Се наведува дека полицијата поминала двегодишна обука за студијата и дека во подготовка на студијата придонеле и академиците.

Во извештајот се додава дека се извршени 1.936 кривични дела од омраза во периодот од ноември 2020 година до април 2021 година.

Мнозинството од оние што извршиле кривични дела од омраза се млади Австријци.

Меѓу другото, се додава дека кривичните дела од омраза се најмногу извршени поради етничко потекло, бојата на кожата, а исто така се забележува и дека има значително зголемување на антиисламизмот, антисемитизмот и нацистичката пропаганда.

Се подвлекува дека која и да е причината, кривичните дела од омраза немаат место во демократските општества.

Според извештајот, кривичните дела од омраза се сериозен чин и за тоа се задолжени безбедносните сили кои вложуваат напори за фаќање на извршителите на тие дела.

Извештајот кој бележи кривични дела од омраза извршени во земјата во рок од шест месеци, сѐ уште не е завршен. Се очекува подобра претстава за кривичните дела од омраза во Австрија откако извештајот ќе биде целосно завршен.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.