Ethem Emre Özcan
22 Јули 2021•Ажурирај: 23 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Асадовиот режим во Сирија тврди дека Израел извршил воздушен напад врз некои точки во градот Хомс во Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во веста на новинската агенција на Асадовиот режим, САНА, врз основа на изјавите на воен извор се тврди дека Израел во 1:13 часот по локално време извршил напад врз одредени точки во подрачјето на Кусајр.
„Нашите воздушно-одбранбени системи се спротивставија на повеќето од непријателските ракети, при што настана само материјална штета“, се наведува во веста.
Во подрачјето на Кусајр, на сириската граница со Либан, се наоѓаат воени точки на војската на режимот, на либанскиот Хезболах и на странските терористички групи поддржани од Револуционерната гарда на Иран.
Инаку, Асадовиот режим тврди дека Израел на 19 јули извршил воздушни напади во Халепо; на 9 јуни, 17 март, 28 февруари и 15 февруари во Дамаск; на 4 февруари во Кунејтра; на 13 јануари во Деир ез Зор; на 7 јануари во јужниот дел на Дамаск и на 30 декември 2020 година во подрачјето на Наби Хабил, западно рурално подрачје на Дамаск.